„Пандевци“ желни за победа против „лавовите“, Вардар повторно гостува во Тетово

Фудбалерите на Академија Пандев денеска од 14 часот во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига во Струмица ја пречекува Македонија ЃП во желбата за прва пролетна победа.

По претходното реми против Шкупи во Скопје, „пандевци“ сега со дополнителен мотив го чекаат дуелот против „лавовите“ на кој силно се посакува победата, повеќе од неопходна во битката за опстанок.

„Ремито со Шкупи, и начинот на кој се одигра тој натпревар без сомнение ни носат дополнителен поттик и за дуелот со Македонија ЃП на кој со максимален ангажман желбата е за позитивен резултат“ – вели шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Александар Васоски.

Вардар, пак, повторно се враќа во Тетово. По минималниот пораз од Шкендија, сега тимот на Никола Илиевски – Џиџи ќе се обиде да извлече позитивен резултат од пресметката со Ренова.

„Гипсарите“ лошо ја почнаа пролетта, па сигурно сега против овој Вардар ќе се обидат со сите сили да дојдат до трите бода.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Се вчитува...