Пангос од Жалгирис се сели во Барселона

Шпанскиот кошаркарски клуб Барселона успеа да го договори ангажманот на Кевин Пангос, одличниот бек на Жалгирис. Тој имаше фантастична сезона во литванскиот тим, играше и на Ф4 турнирот во Белград, а сега ќе се пресели во „Блауграна“.

Барселона му понуди најдобри услови на Пангос, кој следната сезона ќе заработи 3 милиони евра во дресот на каталонскиот клуб. Канаѓанецот имаше можност да замине и во НБА – лигата, за него беше заинтересиран Детроит пистонс, но сепак одлучи да ја прифати понудата на Барселона.

Се вчитува...