Паника во Аргентина, ќе игра ли Меси и понатаму за националниот тим?

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалоне, не е сигурен за иднината на суперѕвездата Лионел Меси во таборот на „гаучосите“. Тој последен пат настапи при поразот од Франција во осминафиналето на СП во Русија, а се уште го нема дадено конечниот одговор.

„Што се однесува до Лео, веќе зборувавме пред медиумите за тоа. Зборувавме и лично со него, и не знам дали ќе се врати во националниот тим. Мислам дека не е добро да зборуваме за тоа пред следниот меч на Аргебтина. Сигурен сум дека во брзо време ќе разберам за што станува збор, но досега од него немаме конечен одговор“, изјави селекторот на „гаучосите“.

Се вчитува...