Паника во фудбалска Англија: Нов бран на коронавирус во Премиерлигата, четворица позитивни во Арсенал!

На самиот почеток од новата сезона на Премиерлигата е евидентиран нов бран на коронавирус, а паниката во фудбалска Англија е активирана по регистрираниот број на заразени фудбалери со Ковид-19 од редовите на Арсенал, откако дури четворица не се во можност да настапат поради позитивни тестови.

„Топчиите“ денеска потврдија дека меѓу болните се капитенот Пјер-Емерик Обамејанг и Александре Лаказет, додека, неофицијално, заразени се и Вилијан и голманот Алекс Рунарсон.

Од сите наведени, само Обамејанг ќе биде на располагање на Микел Артета за дербито со Челси претстојниов викенд во второто коло откако Габонецот бил негативен на последното тестирање.

Се вчитува...