Паника во Милан – двајца клучни играчи се пред заминување

Милан игра фантастично, заслужено е лидер на табелата, но управата ја очекува исклучително тежок период. Не само што клубот нема пари за прескапи засилувања, туку „росонерите“ сега имаат проблем да ги задржат и своите клучни фудбалери. Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу влегуваат во последните шест месеци од договорите со Милан, веќе од 1 јануари ќе можат да потпишат и преддоговори со клубови надвор од Италија, а „росонерите“ не се ниту блиску до продолжување на соработката со нив.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека двајцата првотимци веќе ги одбиле и последните понуди добиени од управата на Милан. На Донарума му бил понуден петгодишен договор за плата од седум милиони евра, но неговиот агент Мино Раиола е убеден дека може да договори подобри услови со останатите заинтересирани клубови. Кога станува збор за Чалханоглу, понудата за турскиот репрезентативец изнесувала 3,5 милиони евра.

Проблемот е што Чалханоглу веќе на маса има понуда од пет милиони евра по сезона од Манчестер Јунајтед, па доколку Милан наскоро не ја крене сумата турскиот плејмејкер наскоро би можел да потпише преддоговор со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...