Паника во Реал Мадрид: Се повреди најдобриот фудбалер

Реал Мадрид на натпреварот со Жирона играше без класичен стопер, поради многуте повреди. Така на стоперските позиции се најдоа Карвахал и Чуамени.

Алаба, Милитао, Начо, Ридигер се повредени, па така Анчелоти мораше да посегне по други решенија. За негова среќа екипата победи со 4-0, па не се почувствуваа отсуствата на стоперите.

Но, сега тренерот на „кралевите“ се соочува со нов проблем. Пред мечот со Лајпциг во 1/8 финалето во Лигата на шампионите против Лајпциг, ќе биде без Џуд Белингем, најдобриот стрелец на екипата. Белингем го напушти теренот во 57. минута од средбата.

И покрај тоа после мечот Анчелоти изрази надеж дека ќе може да смета на Белингем, денеска стигна информација дека играчот од средниот ред ќе мора да паузира 2-3 недели.

Се вчитува...