Реал Мадрид утре на „Ванда Метрополитано“ го игра реванш натпреварот од 1/8 финалето против Атлетико, а можно е на него да биде без услугите на Килијан Мбапе.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Мбапе е во составот, но го пропуштил последниот тренинг пред натпреварот. Според извештаите, тој наместо на терен, тренирал во сала за кревање товар.
Немаше претходни извештаи за некаква повреда на Французинот, а можеби тоа е некоја тактичка игра на „кралевите“ пред важниот меч. Од друга страна „АС“ објавува дека Мбапе добил повреда во текот на вчерашниот тренинг, и дека е под голем знак прашалник за утрешниот меч.
Французинот досега постигна 29 голови во 42 настапи за „кралевите“. Првиот меч го доби Реал со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА