Панучи на клупата на хрватски Осијек?

Италијанската легенда Кристијан Панучи е најсериозниот кандидат да ја преземе клупата на хрватскиот прволигаш Осијек.

Хрватскиот тим не ја почна сезоната согласно очекувањата, па сега раководството е во преговори за доведување на звучно тренерско име. 46-годишниот Панучи веќе десет години е во тренерските води, како асистент на Фабио Капело во Русија, па потоа на чело и на италијанските Ливорно и Тернана, а беше и селектор на репрезентацијата на Албанија.

Панучи во моментов е без ангажман, а преговорите со него ги потврди и спортскиот директор на Осијек, Ален Петровиќ.

Се вчитува...