ПАО со официјално барање – ја напушта Евролигата

Панатинаикос и дефинитивно е подготвен за напуштање на Евролигата откако грчкиот гигант поднесе официјално барање повеќе да не биде член на елитното европско натпреварување. Повеќекратниот европски првак е еден од тимовите со загарантирана лиценца за учество во Евролигата, но поради честите конфликти со раководството ПАО реши во иднина на не биде дел од европската кошаркарска елита.

Првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос, на последната прес-конференција повторно жестоко го нападна највисокото раководство на Евролигата најавувајќи дека Панатинаикос е подготвен за преселба во натпреварувањата „под капата“ на ФИБА, а денешното барање за прекин на соработата е јасен чекор кон реализација на таа цел. Јанакопулос и во минатото се закануваше со заминување од Евролигата, но овојпат е решен да оди до крај, а за очекување е и Бартомеу како прв човек на ова натпреварување експресно да го прифати барањето и да стави крај на конфликтите со грчкиот гигант.

Интересно ќе биде да се види кој ќе го добие испразнетото место во Евролигата, за кое во прв момент за најсериозни конкуренти важат Партизан и Виртус Болоња.

Се вчитува...