Паоло Малдини и синот излекувани од коронавирусот

Легендата на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниеле ја добија битката со коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Даниеле веќе е комплетно излекуван и тој доби потврда дека веќе нема никаква потреба од понатамошно лекување по вториот негативен тест. Паоло Малдини, пак, ќе остане хоспитализиран уште два дена, во очекување и на вториот негативен тест, иако веќе се чувствува сосема добро.

Паоло и Даниеле беа позитивни на коронавирусот на 21. март, по што веднаш беа подложени на лекување, иако чувствуваа само полесни симптоми на болеста. По 14-дневна терапија и двајцата, сега веќе јасно, ја победија болеста.

Се вчитува...