Папу Гомез со нова провокација: Ја пееше химната на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус и Аталанта одиграа нерешено (1-1) во 12. коло од Серија А во натпревар каде преовладуваа голманите на двата клуба, а трагичар беше Кристијано Роналдо кој во 61. минута промаши пенал за победа на домаќините.

Од 53. минута на натпреварот шанса доби и капитенот Папу Гомез кој во последен период е во кавга со тренерот Гасперини, а италијанските медиуми пишуваат дека меѓу нив дошло и до физичка пресметка. Шансите за Аргентинецот да остане во Аталанта се минимални, поготово по вчерашното „шоу“ на Гомез, кој ја пееше химната на Јувентус со насмевка на своето лице.

 

 

Се вчитува...