Парагвајска политичарка му се заканува на Мбапе: Внимавај, Роналдињо веќе го испративме во затвор

Парагвајската јавност, како и фудбалските фанови ширум светот, ја следеа жестоката вербална контроверзност меѓу сенаторката Селесте Амариља и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе во последните денови, која се појави по нивните меѓусебни навреди.

Амариља по поразот на Парагвај од Франција, испрати остри и контроверзни пораки на сметка на францускиот напаѓач, нарекувајќи го „колонизиран Камерунец кој се претставува како Французин“, со коментари што ги доведоа во прашање неговите интелектуални способности.

Мбапе не молчеше за ваквите обвинувања, но ја оцени реакцијата на парагвајската политичарка како навредлива, презрива и недостојна за позицијата што ја има во општеството.

По одговорот на француската ѕвезда, Амариља продолжи со полемиката и дополнително го засили тонот, најавувајќи дека е подготвена да покрене судска постапка.

„Би му рекла да биде внимателен со Парагвајците. Веќе го ставивме Роналдињо во затвор за корупција“, рече Амариља.

Се вчитува...