Атлетик Билбао и Вилјареал ремизираа со 1-1 во 31. коло од шпанското првенство во натпревар во кој домаќините имаа водство се до судиското продолжение на второто полувреме.
Морено имаше шанси да ги доведе гостите во преднсот уште во 11. минута, но не успеа да реализира од белата точка па на крајот на првото полувреме на семафорот стоеше резултат 0-0. Вилјареал остана со играч помалку во првата минута од вториот дел од мечот откако втор жолт картон заработи Комесана, а предноста Билбао ја искористи во 67. минута преку Санчет.
Dani Parejo scores in stoppage times!pic.twitter.com/2wrf8EgKDa
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 14, 2024
Домаќините беа на прагот на победа, но во четвртата минута од судиското продолжение беше досуден нов пенал за гостите, кој овој пат го реализираше Парехо за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА