Пари Сен Жермен е упорен за потписот на Деле Али

Европскиот вицешампион Пари Сен Жермен настојува во своите редови да ја доведе ѕвездата на Тотенхем, Деле Али, пренесуваат британските медиуми. Англискиот репрезентативец не беше дел од тимот кој се соочи со Њукасл во последното коло од Премиер-лигата, иако претходно во мечот против Шкендија од квалификациите за Лигата на Европа беше дел од стартната постава.

Жозе Мурињо очигледно не смета на неговите услуги и поради тоа сака што побрзо да се ослободи како би заработиле што е можно поголема сума на пари. Али во ПСЖ би требало да го замени германскиот интернационалец Жулиен Дракслер кој е на излезна врата од клубот.

Деле Али во кариерата за лондонскиот клуб запиша 157 настапи на кои постигна 50 гола.

Се вчитува...