Пари Сен Жермен го враќа Ндомбеле во Франција

Францускиот првак Пари Сен Жермен тргнува во офанзива за ангажман на Тангуј Ндомбеле. Играчот за врска влезе во конфликт со менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, а тоа значи дека и многу брзо може да си замине од Лондон. Спортскиот директор на „светците“, Леонардо, веднаш реагираше и понуди 60 милиони евра за да го врати Ндомбеле во Франција, но во Париз.

Ндомбеле за 80 милиони евра од Лион се пресели во Тотенхем минатото лето откако беше голема желба на Маурисио Покетино. Тој оваа сезона има 19 настапи за Тотенхем и два постигнати гола.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, сака да доведе нов квалитетен играч за врска во тимот, откако се погласни се најкавите дека Леандро Паредес и Џулијан Дракслер ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...