Пари Сен Жермен подготвува 140 милиони евра за Санчо

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е заинтересиран за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. „Светците“ во Санчо гледаат потенцијална замена за Нејмар кој не е најзадоволен во редовите на гигантот од Париз и подготвени се да платат 140 милиони евра.

Санчо во саботата на мечот против Фрајбург покажа колку е важен за екипата, откако го постигна единствениот погодок на мечот кој значеше три бода за „милионерите“. Иако 19-годишникот има договор со тимот од „Сигнал Идуна парк“ до 2022 година, германските медиуми наведуваат дека на крајот на сезоната постои можност тој да го напушти Дортмунд.

Покрај Пари Сен Жермен за него заинтересирани се и премиерлигашите Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Се вчитува...