Парондо: Да не заборавиме дека Загреб е добра екипа

Вардар со убедливата победа во Загреб за само 60 минути игра си го обезбеди пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампионите, но тренерот Роберто Парондо гласно им порача на своите ракометари дека очекува максимална ангажираност и на саботниот реванш во Скопје.

Имаме одличен резултат, но никако не смееме да се опуштие бидејќи Загреб е одличен екипа, тоа е нешто што не смееме да го заборавиме. Сакам на најдобар можен начин да го одигравме и реваншот, иако ќе се обидеме да им дадеме шанса на што повеќе ракометари, за да добијат поголема самодоверба во пресрет на финишот од сезоната“ – истакна Парондо, најавувајќи почести ротации во тимот на „вардарци“.

Целта е јасна, „црвено-црните“ да не се истрошат во пресрет на завршниот турнир од СЕХА-лигата што ќе се игра на 2 и 3 април во Брест.

Се вчитува...