Парондо: Ги искористивме грешките на Рајн Некар

Македонскиот ракометен првак Вардар оствари важен триумф (27-30) на гостувањето во Манхајм против Рајн Некар во Лигата на шампионите. Тоа е седми триумф на „црвено-црните“ во групата А од елитното европско натпреварување, втор над германскиот состав оваа сезона. Тренерот Роберто Парондо вели дека неговиот тим на најдобар начин ги искористил грешките на Рајн Некар.

„Бевме добро организирани во одбраната и го приморавме Рајн Некар многу да греши. Успеавме тоа да го искористиме. Никогаш не знаете како ќе изгледате во првиот меч по долга пауза, но, за среќа, ние бевме супер“, изјави Парондо по триумфот над Рајн Некар.

Вардар се наоѓа на второто место во групата А во Лигата на шампионите со 15 бода, зад лидерот Барселона.

Се вчитува...