Парондо и Египет поразени од Шпанија во финалето на МИ

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо и неговиот Египет се освојувачи на сребрениот медал на ракометниот турнир на Медитеранските игри кои се одржуваат во алжирскиот град Оран.

„Фараоните“  во финалето на турнирот загубија од репрезентацијата на Шпанија со 27-28. Египет подобро го отвори натпреварот. Имаше предност во текот на првото полувреме и на пауза замина со предност од три гола (16-13).

Сепак, „црвената-фурија“ како одминуваше мечот играше се подобро и подобро. Во последните десет минути успеа да влезе во „егал“, а на крајот пресуди поголемото искуство на Шпанците кои стигнаа до триумф од 27-28.

Тарафета Серано со девет гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените седум гола постигна Санад.

Се вчитува...