Парондо се жали – „болница“ во Вардар пред Монпелје

Роберто Парондо се соочува со сериозни проблеми со составот на Вардар во пресрет на саботниот натпревар од Лигата на шампионите против Монпелје. „Црвено-црните“ мораат да слават за да имаат шанса за второто место во групата, но битката за триумф над европскиот првак ќе им биде дополнително отежната со влошениот здравствен билтен по синоќешниот дуел со Загреб.

Пет или шест играчи веќе се жалат на повреди, досега настапуваа повредени. Тоа е проблем, затоа не можам уште сега да кажам кој ќе биде способен да игра, а кој не, но ние како тим ќе бидеме подготвени за предизвикот. Ќе бидеме фокусирани, ќе играме со сто проценти. Ова е сериозен дел од сезоната, веќе нема простор за грешка почнувајќи од елиминациските средби, затоа мораме и да играме добро и да победуваме“ – истакна Парондо.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17.30 часот.

 

 

Се вчитува...