Парондо си оди среде ЕП, на негово место Хота Гонзалес

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Веднаш по вечерашниот натпревар со Шпанија ќе дојде до рокада на клупата на македонската репрезентација, и тоа од принуден карактер бидејќи Роберто Гарсија Парондо мора да се врати назад во Скопје поради клупски обврски кон женскиот тим на Вардар.

Таков беше договорот, Сергеј Самсоненко дозволи Парондо да работи со репрезентацијата до 21 јануари. Затоа, тој утре наутро ќе тргне назад кон Скопје. Веќе е договорено во текот на утрешниот ден во Вараждин да ни се приклучи Хота Гонзалес, шпанскиот стручњак што ќе му биде помошник на Раул во ПСЖ и кој ќе биде дел од нашиот стручен штаб до крајот на овој шампионат“ – изјави за ЕКИПА директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.

До слична ситуација дојде и на претходното ЕП во Полска, кога поради обврски кон клубот Шамбери тогашниот асистент Данило Брестовац пред стартот на втората фаза мораше да се врати назад во Франција.

Се вчитува...