Партија за во легендите за Дончиќ во победата над ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра натпревар за во легендите во победата на неговиот Далас Маверикс на домашен терен над ЛА Клиперс од 112-105. Неверојатниот Словенец натпреварот го заврши со 51 поен, од кои дури 28 ги запиша уште во воведната четвртина во мечот.

Овие 51 поен се најмногу кои ги постигна Дончиќ досега во кариерата во НБА, откако претходно рекорд му беше 46 поени. Кај поразените Маркус Морис заврши со 21 поен.

Во дербито на вечерта во реприза на минатогодишното финале Феникс на домашен терен стигна до убедлива победа над Милвоки со 131-107. Деандре Ајтон со 27 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Крис Мидлтон заврши со 21 поен.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Детроит – Мемфис 107-132, Вашингтон – Бруклин 113-112, Њу Орлеанс – Мајами 97-112, Хјустон – Торонто 120-139 и Голден Стејт – Њујорк 114-116.

Се вчитува...