Партизан ги прегази „петлињата“ на Веспрем

Ракометарите на Партизан се пред пласман во полуфиналето од регионалната СЕХА лига откако во првиот натпревар од четвртфиналето на домашен терен го прегазија унгарскиот гигант Веспрем со 39-24.

Сепак, мора да се напомен дека поради згуснатиот распоред на важни на натпревари, а очигледно и никој веќе не ја сфаќа сериозно СЕХА лигата, Унгарците во Србија стигнаа со младинскиот тим.

„Петлињата“ на Веспрем немаа сила да им се спротиставата на искусните ракометари на Партизан, па на крајот загубија со убедливи 39-24. Никола Зечевиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените седум постигна шестнаесетгодишниот Марко Еклемовиќ.

Се вчитува...