Српскиот стратег Мирко Оцокољиќ ќе го води Партизан на наредниот евролигашки дуел во кој „црно-белите“ в четврток ќе го пречекаат тимот на Баерн Минхен, пренесува „Моцарт Спорт“ врз информации добиени од управата на шампионот на АБА-лигата.
Ситуацијата по заминувањето на Жељко Обрадовиќ се уште се оценува како тензична, па првите луѓе на клубот не сакаат да брзаат со наследникот на најтрофејниот европски тренер. Андреа Тринкиери повторно се споменува како прва опција, но во меѓувреме улогата на привремен стратег ќе му припадне на Оцокољиќ.
Овој стручњак му беше асистент на Саша Обрадовиќ во Монако, потоа стана и помошник на Жељко Обрадовиќ во Партизан, каде сега ќе добие шанса и како предводник на стручниот штаб.
Долгогодишниот соработник на Обрадовиќ, Џозеп Марија Искиердо, утрово се збогуваше од верните навивачи на „црно-белите“, потврдувајќи ги најавите дека нема намера да остане во клубот по заминувањето на доскорешниот шеф на струката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

