Партизан го освои Берлин, останува во игра за плеј-ин во Евролигата

Белградски Партизан останува во игра за 10. место и плеј-ин во Евролигата откако славеше со убедливи 83-94 на гостувањето против Алба Берлин во претпоследното коло од најсилното европско натпреварување. На „црно-белите“ во последното коло од регуларниот дел на домашен терен против Валенсија ќе им треба победа во очекување на исходите од натпреварите на останатите конкуренти за десеттата позиција.

Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ одлично го одиграа првото полувреме тотално доминирајќи на дуелот во Берлин. Со сигурна игра првото полувреме го добија со 34-47.

Но, како и на претходните натпревари, сериозен пад во играта на „црно-белите“ во второто полувреме. Па, главно поради сопствени грешки ја вратија Алба во игра и на седум минути пред крајот на мечот Германците дојдоа до негатива и од само пет поени (67-72). Но, тоа беше се од домашните, кои немаа сили за пресврт.

Нанели запиша 17 поени за Партизан, а Пантер и Дожер мечот го завршија со по 15 постигнати поени.

Барселона триумфираше со 92-89 против Макаби Тел Авив, за продолжување на битката со Монако за втората позиција на табелата.

Се вчитува...