Партизан го прегази Студентски Центар за место во полуфиналето на АБА

Партизан е последниот патник во полуфиналето од АБА лигата откако славеше со убедливи 112-83 во „мајсторката“ против Студентски Центар. За разлика од претходните два натпревари во кои црногорскиот тим го намачи евролигашот до егал завршница, овој пат „црно-белите“ реализираа со 68 отстотна успешност од поле при реализација 17/29 за три поени па немаа проблем со противникот.

Студентски Центар и овој пат подобро го отвори натпреварот и поведе со 5-11, но како што одминуваа минутите Партизан го наметна своето темпо. Избраниците на Обрадовиќ веднаш ја стоија негативата и го наметна своето темпо па од минута во минута ја зголемуваше предноста за 57-38 на полувремето.

Белградскиот тим потоа немаше приблеми да ја задржи предноста, а во последната четвртина успеа да ја надмине и границата на сто постигнати поени.

Нанали со 17 поени беше лидер на Партизан, додека Ивишиќ со 13 поени и 4 скокови го предводеше Студентски Центар.

Се вчитува...