Партизан губи од кого стигне, овој пат мерка им зеде Железничар

Фудбалерите на Партизан продолжуваат со очајните игри сезонава во српскиот шампионат и веќе го доживеаја шестиот пораз во 11-от натпревар.

Последна екипа која им зеде мерка на „црно-белите“ е екипата на Железничар која славеше со 1:0. Голот кој го одлучи победникот го постигна Давид Анкеје во 13-та минута.

По 11 кола, Партизан се наоѓа на десеттата позиција на табелата од 14 екипи со само 11 освоени бодови и гол-разлика 18:20.

Во 11 кола, „црвено-белите“ доживеаја дури шест порази и веќе заостануваат неверојатни 23 бодови зад лидерот и најголем ривал, Црвена звезда.

Се вчитува...