Партизан има две опции за наследник на Лесор

Партизан го очекува период за сериозен ремонт во играчкиот кадар, откако Матијас Лесор го напушти клубот и замина во Панатинаикос, а се очекува низ излезната врата трансфери во други клубови да комплетираат и Пантер, Лидеј и Егзум.

Жељко Обрадовиќ веќе ја доставил својата листа со желби до управата на клубот, а според српските медиуми трофејниот стратег како замена за Лесор има две опции, и тоа Џош Нибо од Макабо и Брендон Дејвис од Милано. Нибо важи за подоминантен центар кој знае одлично да го затвори рекетот во одбраната, додека Дејвис го одликува подобра игра во нападот, иако сезонава во Милано многу ретко блескаше во својот препознатлив сјај.

Позитивно за Нибо е што тој е слободен играч по истекот на договорот со Макаби, додека Дејвис има уште една година со Милано, па ќе мора да се избори за раскин доколку сака да се пресели меѓу „црно-белите“.

Се вчитува...