Кошаркарите на Партизан ја забележаа 23. победа во АБА лигата откако славеа на гостувањето кај Задар со 78-88. Со тоа „црно-белите“ стигнаа на чекор до осигурување на првата позиција на табелата која воедно носи и предност од домашен терен во текот на целиот плеј-оф за титула.
Партизан отвори со серија од 7-0 на Ледеј, Пантер и Аврамовиќ и предноста не ја испушти до самиот крај на натпреварот. По 10. минути игра имаше позитива од 15-24, на полувремето +19 (30-49), а по добрата игра на домаќините во третата четвртина во која успеаја да намалат на 55-64, гостите од Белград немаа проблеми да приредат мирен финиш на мечот.
Поранешниот „штрк“, Хуан Дејвис беше лидер на Задар со 22 поени и 8 скока, додека прво име кај Партизан беше Нанали со 18 поени и 3 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА