Партизан победи со 6-2, а Милошевиќ се срами што е тренер на тимот

Партизан го победи Јавор со убедливи 6-2 во 17. коло во српската лига. Сепак и покрај фактот што неговиот тим постигна шест гола, Милошевиќ тврди дека првпат му е срам што е тренер на Партизан.

„Нормално е да победиме со Јавор бидејќи имаме 30 пати поскап тим од нив. Ни по еден спортски фактор, освен резултатскиот не бевме на задоволително ниво. Првпат ми е срам да сум тренер на Партизан“, изјави Милошевиќ. 

Белградскиот тим по третата победа во низа ја презеде втората позиција на табелата во Суперлигата со 35 бода, пет помалку од првата Црвена Звезда.

Се вчитува...