Партизан преживеа: На крилјата на Нанели и Егзум до триумф во Подгорица се избори за мајсторка

Кошаркарите на Партизан се изборија за мајсторка во четвртфиналната серија против Студентски центар во АБА лигата откако во салата „Александар Николиќ“ во Подгорица славеа со 79-81 за израмнување во серијата на 1-1.

Во крајно израмнет драматичен меч, ниту една од екипите немаше позабележителна предност во текот на играта. На полувремето се замина со израмнети 40-40.

Во второто полувреме Студентски центар постојано имаше предност од два до седум поени, кои ги одржуваше со до последните две минути од мечот, за да Партизан со тројката на Нанели на една минута и 20 секунди дојде до предност од 73-76. До крајот потоа црно-белите ја одржуваа предноста која за конечна победа ја осигуруа Џејмс Нанели со тројката на седум секунди пред крајот за 77-81, што значеше крај на патот до победата.

Данте Егзум со 24 поени и Џејмс Нанелси со 23 постигнати поени, беа најдобрите во редовите на Партизан, додека Меги со 15 поени и три скока беше најдобриот поединец кај Студентски центар.

Одлучувачкиот меч за пат во полуфиналето во АБА лигата сега ќе се игра во понеделник од 20 часот во Белград.

Се вчитува...