Партизани Тирана го купува и Абдурахими од Шкендија?

Албанскиот прволигаш Партизани Тирана успеа да го „украде“ Лукас Кардосо, напаѓачот на Пелистер, кој беше на радарот на Шкендија, а најверојатно ќе доведе уште еден напаѓач, и тоа од лидерот на табелата во македонскиот шампионат. Бесарт Абдурахими е желбата на раководството на Партизани Тирана, и првичните преговори се веќе отпочнати.

Абдурахими дојде како големо засилување за Шкендија, но никогаш не успеа да се наметне како стандарден првотимец и неговата улога е да влегува како „џокер“ од клупата за резерви. Очигледно дека тоа не му се допаѓа на поранешниот македонски репрезентативец, кој ја разгледува можноста да се пресели во редовите на албанскиот прволигаш Партизани Тирана. За него постои интерес и од уште еден албански клуб, Фљамуртари.

Се вчитува...