Пасторе: Нема да го ризикувам животот за да играм фудбал

Серија А е суспендирана, постојат сериозно дилеми и дали треба да се доигра сезоната, а дел од фудбалерите се загрижени и велат дека не сакаат да го ризикуваат здравјето. Еден од нив е аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе кој го носи дресот на Рома.

„Ништо не е дефинитивно, но и сега никој не мисли на фудбал. Во Италија се води борба за живот, голем број луѓе секојдневно умираат во битката со коронавирусот. И не смееме да ги ризикуваме нашите, ниту пак животите на другите луѓе. Затоа што човечкиот живот е сепак највреден. Фудбалот за мене е начин на живот уште од мојата петта година, но нема да го ризикувам животот за да играм фудбал. Мислам дека ова е сега единственото реално решение“, изјави Хавиер Пасторе за аргентинското радио „Showsport La Red“.

Фудбалерите на Рома, како и сите останати од клубовите во Серија А, се наоѓаат во домашен карантин и го очекуваат продолжението на шампионатот. Засега терминот за продолжување на првенството не е официјално одреден.

Се вчитува...