Фудбалерите на Пелистер се соочуваат со неочекувано проблеми на својот пат до Познањ, Полска, каде во четврток ги очекува првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа против Лех Познањ.
По утринското заминување од скопскиот аеродром за Љубљана, „пелистерци“ не успеаја да го продолжат патот од Љубљана до Варшава, затоа што поради технички причини беше откажан летот на полската авиокомпанија.
Сето тоа предизвика останување на битолската експедиција во главниот град на Словенија и неизвесност околу начинот на продолжување на патот. Според последните информации, се прават напори во попладневните часови експедицијата од Љубљана да замине за Варшава, од каде потоа со автобус би се продолжило до Познањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА