Пато му се нуди на Милан: Со Ибра би биле одличен тандем

Бразилскиот напаѓач, Александре Пато подолго време е без клуб откако во летниот период го напушти Сао Пауло, но тоа не го спречува да мечтае по голем договор. Во разговор со италијанските медиуми, 31-годишниот голгетер му се понуди на Милан и изјави како тој и Златан Ибрахимовиќ би биле извонреден тандем.

„Имам многу убави спомени за периодот поминат во Милан. Мојот сон е да се вратам во Италија. Ќе ми бидат потребни само неколку тренинзи и натпревари за да го убедам тренерот Пиоли. Златан и јас би биле одличен тандем“ – изјави Пато.

На Милан очајнички му треба напаѓач, а на Пато клуб. Бразилецот шест сезони го носеше дресот на „росонерите“ во периодот помеѓу 2007 и 2013 година, во кој одигра 150 натпревари за „црвено-црните“ и постигна 63 гола. Во неговото време стигна и последната титула на Сан Сиро.

Се вчитува...