Патот на Вардар до Келн оди преку Унгарија?

Вардар го заврши својот дел од задачата во последното коло против Монпелје, но „црвено-црните“ не ја добија посакуваната помош од Кјелце, па групната фаза ја завршија на третото место на табелата.

Се уште е непознато кој ќе биде ривал на Вардар во осминафиналето, тоа ќе биде шестопласираната екипа од групата Б, поточно украински Мотор или хрватскиот првак Загреб. Моментно на шестото место од оваа група се наоѓа Загреб и доколку Хрватите не направат чудо во последното коло, на гостувањето против Пик Сегед, тие ќе бидат противници на Вардар во првата нокаут-фаза.

Потоа, „црвено-црните“ клучните битки за фајналфор турнирот во Келн најверојатно ќе ги водат во Унгарија. Пик Сегед би требало да биде четвртфиналниот ривал на Вардар, унгарскиот првак беше второпласиран во својата група, па важи за голем фаворит во својот осминафинален двомеч против Бјерингбро.

Се вчитува...