Патрик Виеира го презема кормилото на Арсенал!?

Патрик Виеира е најсериозниот кандидат за преземање на менаџерската функција на Арсенал кој е без тренер по отказот за Унаи Емери минатата недела.

Како што тврдат англиските медиуми, раководството на „топчиите“ разгледува неколку опции но Виера веќе се издвои како број еден за преземање на менаџерската функција.

Виеира е фудбалска легенда на Арсенал кој настапуваше во Лондон од 1996 до 2005 година, дел од легендарната генерација која беше најдобрите екипи во Европа во тој период.

Во досегашната кратка тренерска кариера беше тренер на јуниорскиот тим на Манчестер сити, а потоа и на Њујорк сити во МЛС лигата, за да минатата година застане на чело на француска Ница.

Се вчитува...