Пау Гасол замина во пензија: Кажувам збогум додека уживам на терен, не кога сум на „штаки“

Кошаркарските терени ширум Шпанија и Европа од денеска ќе бидат посиромашни за голема ѕвезда на овој спорт, откако Пау Гасол објави дека става крај на фантастичната кариера во која освои се што можепе да се освои, воедно и настапи на пет Олимписки Игри.

Гасол кон крајот на минатата сезона се врати назад во Барселона, на маса имаше понуда за повторно да потпише со каталонскиот гигант, но 41-годишниот ветеран оцени дека е дојдено времето да се каже збогум. Тој за денеска организираше прес-конференција, на која ја обелодени својата одлука.

„Овде сум за да објавам дека се пензионирам од професионалната кошарка. Ова е тешка, но добро промислена одлука. Сакав да кажам збогум додека уживам на терен, но додека сум на „штаки“. Преблагодарен сум за можноста повторно да го облечам дресот на Барселона, да настапам на уште едни Олимписки Игри за Шпанија. Разговарав со Шарас, тие веруваа во мене и бескрајно сум им благодарен за можноста повторно да заиграм за Барса. Низ толку долга кариера, нормално е да сум благодарен на голем број на луѓе, бидејќи кошарката е спорт во кој да се биде дел од тим е позначајно од било што друго“, изјави Пау Гасол.

Се вчитува...