Паузата си носи проблеми: Пероти се повреди, три седмици во аут

Долгата пауза поради пандемијата на коронавирусот носи дополнителни проблеми и опасност од повреди. Аргентинскиот интернационалец Диего Пероти настрада на еден од индивидуалните тренинзи што се одвиваат во кампот на Рома. Тој го истегна бутниот мускул на левата нога и ќе мора да паузира најмалку три седмици.

„Секако ќе се соочуваме и со вакви проблеми. Тренинзите во домашна изолација се нешто сосема друго од комплетен тренинг во базата. Фудбалерите имаа предолга пауза и сега ќе мора да се бориме и против повредите“, изјави тренерот на „волчицата“, Пауло Фонсека.

Рома поради пандемијата со коронавирусот се наоѓа и во големи финансиски проблеми. Американскиот сопственик Џејмс Палота размислува и за продажба на клубот, а интерес постои од саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој има обид да го купи и англискиот премиерлигаш Њукасл, но никако не може да ја комплетира зделката вредна 300 милиони фунти.

 

Се вчитува...