Павар го „откачи“ Манчестер Јунајтед за да замине во Интер

Францускиот дефанзивец и член на Баерн Минхен, Бензамин Павар ја одбил понудата од Манчестер Јунајтед, бидејќи изразил желба да го засили Интер. „Нероазурите“ ја зголемија понудата на 35 милиони евра, и сега се оптимисти дека ќе го добијат неговиот потпис.

Двата клуба за овој трансфер може да се договорат уште денеска, а единствена пречка е тоа што Баварците треба да бараат негова замена.

Павар веќе изразил желба да го напушти Минхен, а неговиот договор со Баерн е до 2024 годиона. Директорот на Интер, Бепе Марота истакна дека играчот самиот изразил желба да се пресели во Интер.

Се вчитува...