Павле Михајлоски потпишува за Пелистер

Пелистер успеа да обезбеди уште едно ново име во своите редови за вториот дел од сезоната, потпишувајќи договор со Павле Михајлоски, како најново засилување за тимот на тренерот Марјан Илиевски.

Михајлоски ја мина ланската сезона во дресот на Феникс, а новиот шампионат го почна во таборот на Чаир. Тој во меѓувреме реши да ги промени клупските бои, а од неколкуте понуди ја избра токму онаа на Пелистер. Крилниот кошаркар ќе има можност за повторна соработка со тренерот Илиевски, за кого имаше добри настапи и во дресот на Блокотехна од Гевгелија.

„Пелистерци“ се наоѓаат во одлична серија резултати во домашното првенство, македонскиот вицепрвак игра квалитетно и во АБА2-лигата, а потписот на Михајлоски е уште еден доказ дека битолчани сакаат и сезонава да се борат за највисок пласман на домашната сцена, но и да се вмешаат во борбата во регионалното натпреварување.

Се вчитува...