Пазарења во Англија: Ќе има помалку странци кои би можеле да доаѓаат без визи

Излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија драстично ги менува условите за тоа како премиерлигашките клубови ќе носат странци. Изминатиов период во Англија се водат интензивни преговори околу тоа како ќе биде регулирана оваа проблематика, а двете инволвирани страни се обидуваат за извлечат што повеќе придобивки.

Премиерлигсшките клубови во преговорите со Фудбалската аосцијација на Англија бараат да им биде дозволено да потпишуваат договори со играчи странци без да треба за нив да бараат виза, ФА па се труди во преговорите да протурка лимитирање на бројот на неаглиски играчи, односно да вметне обврзна бројка домашни играчи во клубовите.

На половина на пазарот некаде е веројатниот договор, клубовите да добија можност за потпис со тројца странци за кои нема да биде потребна виза, а да се согласат на обврзувача бројка на домашни играчи. Ова правило Федерацијата се обидува да го наметне во обид да профитира репрезентацијата која нема освоено голема титула уште од 1966 година.

Од друга страна пак, клубовите од Премиер-лигата сметаат дека намалувањето на бројот на странски играчи ќе доведе до намалување на атркативноста и на кавалтетот на лигата која сега важи за најдобра во светот, а со тоа ќе биде задазен удар и на економијата на државата.

Се вчитува...