Педри останува во Барселона – нов договор со откупна клаузула од една милијарда евра! (ФОТО)

Барселона ова лето продолжи да се соочува со огромни финансиски проблеми, а поради нив каталонците останаа без својата легенда – Лео Меси. Покрај него клубот мораа да го напуштат и талентираните Илаиш Мориба и Емерсон Ројал, но сега тимот ја осигура иднината со продолжување на соработката со Педри.

Осумнаесетгодишникот веќе се наметна како еден од клучните играчи во шпанската репрезентација, а новиот договор со Барселона е со важност до јуни 2026 година при што беше одредена и откупна клаузула од една милијарда евра, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо.

Се вчитува...