Пекинг Гуан со баснословна понуда за Герет Бејл

Кинескиот прволигаш Пекинг гуан сака да ја искористи ситуацијата на Герет Бејл во Реал Мадрид и му понуди баснословна сума во обид да го убеди да се пресели на Далечниот Исток. Велшанецот и дефинитивно не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан за претстојната сезона, францускиот стратег и јавно истакна дека очекува Бејл наскоро да замине од „Сантијаго Бернабеу“, а проблем за речиси сите европски клубови е неговата огромна плата.

Пекинг гуан му нуди неверојатни 600.000 фунти неделно на Бејл во намера да го доведе во Кина. Со ова тој би станал најплатен фудбалер во историјата на кинескиот фудбал. Засега, Езекиел Лавеци во Хебеи форчун заработува 500.000 фунти седмично.

Кинеските клубови можат да прават трансфери до 31 јули и Герет Бејл има десетина дена сериозно да размисли дали сака кариерата да ја продолжи во Пекинг гуан.

Се вчитува...