Пеколно деби за Чави – Барса без низа важни играчи на градското дерби

Чави е подготвен за големиот камбек во Барселона, новиот тренер в сабота навечер ќе го води каталонскиот гигант на градското дерби со Еспањол, во обид да ја прекине серијата од четири меча без победа во Ла Лига (две победи и две реми).

Сепак, шпанскиот стратег се соочува со сериозни проблеми во пресрет на своето деби поради долгата листа на повредени играчи на кои Чави нема да може да смета на првиот меч како тренер на Барселона. Педри и Осман Дембеле ја загубија трката со времето, па денеска беше потврдено дека одличниот плејмејкер, како и францускиот крилен офанзивец дефинитивно нема да можат да настапат против Еспањол.

Лекарскиот тим на Барса за време на репрезентативната пауза работеше напорно за да ги оспособи за настап против Еспањол, но сега се мали шансите тие да настапат и на наредниот меч од ЛШ, против Бенфика на домашен терен.

Покрај Дембеле и Гави, Чави за дебито на клупата на Барселона нема да може да смета ниту на Агуеро, Ансу Фати и на Бреитвајт. Особено алармантна е ситуацијата во нападот, каде поради бројните отсуства Чави може да смета само на Мемфис Депај и на Лук де Јонг, а овој вториот се наоѓа во катастрофална форма и веќе му беше кажано дека може да си бара нов клуб.

Се вчитува...