Пеле го има најемотивното протстување од Паоло Роси – „Пријатели, небото се полни со ѕвезди“

Легендата на светскиот и бразилски фудбал, Пеле во краток период мораше да се прости со двајца свои големи пријатели. По смртта на Диего Армандо Марадона, светот го погоди и тажната вест за смртта на италијанскиот херој Паоло Роси.

„Во последните неколку дена небото се полни со ѕвезди. Се сеќавам дека ми раскажуваше дека татко му го донесе на еден мој меч во Фиорентина кога имаше само 10 години. Тоа беше голема чест за мене. Ти благодарам за твоето пријателство Паоло. Знам дека Бог ќе те прими со широко раширени раце“, вели Пеле. 

Паоло Роси почина во средата по долго боледување на 64 годишна возраст.

Се вчитува...