Кристијано Роналдо блескаше вчера во победата на Јувентус на гостувањето кај Каљари. „Старата дама“ славеше со 3- 1, а сè беше готово по половина час игра кога неверојатниот Роналдо постигна хет-трик.
Португалецот се огласи на Инстаграм по натпреварот откако стигна до бројката од 770 голови во кариерата, со што стана најдобар стрелец на сите времиња во фудбалот. Тој ги воодушеви сите со порака за Пеле, чиј рекорд го сруши одамна, но објасни зошто чекал да биде објавен синоќа.
„Во превид земав дека Пеле постигна 767 голови, ги вклучив головите што ги има постигнато за тимот на Сао Паоло и за бразилскиот воен тим, и тој постигна вкупно уште десет голови таму. Денес дојдов до бројка од 770 гола на официјални натпревари и моите први зборови одат директно кон Пеле. Нема играч во светот кој не пораснал според приказните за неговите натпревари, головите и достигнувањата и јас не сум исклучок. Затоа сум среќен и горд што со овие голови се најдов на врвот на листата и го соборив рекордот на Пеле. Никогаш не сонував дека тоа ќе се случи додека растев како момче во Мадеира, изјави КР7″.
По ваквата изјава, се огласи и легендата Пеле, кој му се заблагодари на Роналдо за одличната порака и му порача дека му се восхитува за сè што направил во кариерата досега.
“Кристијано, какво убаво патување имаш. Ти се восхитувам и тоа не е тајна. Честитки за соборувањето на мојот рекорд на голови на официјалните натпревари. Ја објавувам оваа слика во твоја чест како симбол на нашето пријателство кое трае со години”, кажа Пеле.
@Cristiano, que bela jornada você está tendo! Eu te admiro muito e isso não é segredo para ninguém. Parabéns por quebrar o meu recorde de gols em partidas oficiais. Deixo essa foto em sua homenagem, com muito carinho, como símbolo de uma amizade que já existe há muitos anos. pic.twitter.com/PhjXIDP3P1
— Pelé (@Pele) March 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА