Пеле во тешка здравствена состојба: Итно префрлен во болница!

Легендарниот бразилски фудбалер, Едсон Арантес до Насименто – Пеле итно е префрлен во клинички центар поради неочекувано влошување на здравствената состојба.

77-годишниот Пеле вчера требало да отпатува во Лондон каде се подготвуваше церемонија во негова чест, но го откажал летот поради влошената здравствена состојба. Откако му се слошило, итно е префрлен во болница на одделението за интензивна нега.

„Се сруши во раните утрински часови, па е префрлен во болница. Според првичните лекарски испитувања, организамот на Пеле е максимално исцрпен. Има проблеми и со срцето, поради што е задржан на болничко лекување“ – пренесуваат бразилските медиуми.

Изминативе години Пеле во неколку наврати беше во болница поради проблеми со бубрезите и простатата, а имаше и операција на колкот. Беше на ждрепката за СП во Москва пред крајот на минатата година каде се појави во количка. Тоа е последен пат кога е појавен во јавноста.

Се вчитува...