Пелегрини донесе злато вредна победа на Парма

Парма стигна до значајни бодови во битката за опстанок триумфирајќи со 1-2 на гостувањето кај Верона во 12. коло од италијанското првенство.

Пелегрино во 18. минута донесе предност за Парма која беше задржана се до 65. минута кога Џоване изедначи на 1-1. Конечниот резултат го постави Пелегрино со својот втор гол во 80. минута за големо гостинско славје.

Со овие три бода Парма се искачи на 15. позиција на табелата со 11 освоени бодови, додека Верона останува на дното на табелата со само шест.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...