Пелистер 2 убедлив против Младост Богданци

Ракометарите на Пелистер 2 стигнаа до втората победа сезонава во Суперлигата откако го декласираа Младост Богданци на гостински терен со 22-30. Уште од самиот старт на натпреварот се виде разликата во квалитет. Гостите го контролираа мечот и на полувреме заминаа со предност од седум гола 9-16. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за на крајот да се дојде до конечните 22-30.

Цветан Кузманоски со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека Јован Талевски мечот го заврши со пет гола. Кај поразените се истакна Александар Лупашко кој стрелаше седум пати. Пелистер 2 останува трет во Б групата со скор од 2 победи и 1 пораз, зад тимовите со максимален учинок по три кола Металург и Бутел. Младост Богданци е петти со 1 победа и 2 порази.

Се вчитува...